| четврток, 6 декември 2018 |

Доволни му се три брака, Чарли Шин веќе нема да се жени

Три брака му се сосема доволни на Чарли Шин и тој нема намера да се жени повторно. Зад себе има три пропаднати брака – со Дона Пеле, актерката Дениз Ричардс и со Брук Милер, и веќе нема намера да влезе во сериозна врска како што е бракот.

Чарли кој моментално е во врска со 24-годишната порно ѕвезда Џорџија Џонс, е познат по својот бурен јавен живот и пеколни авантури.

Тој неодамна прозборе и за своето необично однесување по напуштањето на мега-популарната серија „Два ипол мажи” во 2011 година, тврдејќи дека имал нервен слом, затоа што бил изгубен и не знаел што да прави со себе.

– Тоа не беше само нервен слом, туку потполно лудило. Воопшто не знам што ми се случи. Тоа не беше само шоу. Тоа се мои 30 години. Не знаев што да правам. Целосно се изгубив, како да сум некаде во пустина без ГПС или навигационен систем – изјави холивудската ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top