| четврток, 6 декември 2018 |

Нацоски слави десетгодишен јубилеј

Македонскиот светски познат тенор Благој Нацоски слави десет години јубилеј. В петок, во салонот на Македоснката опера и балет (МОБ) ќе биде изведена позната оперска претстава  „Севилскиот берберин“ од Џакомо  Росини, а Нацоски одигрувајќи ја улогата на грофот Алмавива ќе одбележи 10 години од неговите настапи на меѓународната сцена.

Останати солисти за оваа изведба се Кармине Монако (Италија, Дон Бартоло), Адријана Јоција (Италија, Розина), Франческо Верна (Италија, Фигаро), Кристијан Фаравели (Италија, Дон Базилио), Марика Поповиќ (Берта), Драган Ампов (Фиорело), Кристијан Антовски (Офицер), Андреја Наунов (Амброзио).

Станува збор за комична опера, мошне интересна, динамична, лесно приемлива, опера во два чина. Премиерата на „Севилсикиот берберин“ на македонската сцена е изведена во 1954 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top