фото: Дума
47-годишната М.П. од Башино Село утрово истурила цела кофа со човечки фекалии во ходникот на самиот влез во велешкиот суд. Тоа се случило штом судската полиција ја отворила влезната врата на институцијата, јави „Дума“.
Потоа се обидела да избега, но била сопрена од судскиот полицаец, а потоа е однесена на сослушување во полициска станица, каде што, според порталот, се пишува прекршочна пријава против неа според одредбите од Законот за јавна чистота.
М.П. досега има една условна казна, а деновиве правосилна стана и пресудата за затворска казна од една година, поради тоа што на 19 јули со бензин ја попрска и се обиде да ја запали влезната врата на Основниот суд во Велес. Претходно жената се обидела да запали трафостаница на ЕВН и да исече бандера за електрична енергија, револтирана што ѝ рекле дека должи за струја, а таа смета дека не должи. Судот чека психијатриско вештачење за пресметливоста на M.П., пишува „Дума“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.