| четврток, 6 декември 2018 |

Парите за лечење на малата Тијана ќе бидат дадени во хуматинарни цели

tijana-ognjanovic-1367053680-302805

Родителите на Тијана Огњеновиќ соопштија дека сите пари кои беа собрани за лечење на нивната ќерка ќе бидат дадени во хуманитарни цели, јави агенцијата „Танјуг“.

– Сите пари кои беа собрани за лечење на нашата ќерка нема да ги задржиме за себе, туку ќе ги дадеме за хуманитарни цели – изјави Ненад Огњеновиќ, таткото на Тијана која почина во болницата во Хјустон.

Во медиумите во Србија се крена голема прашина околу парите кои се собраа за лечење на Тијана.

Според пишувањата, за операцијата на Тијана, во хуманитрна акција се собраа 2.580.000 милиони евра, од кои за лечење во Хјустон било платено 1,1, милион долари. Уште 87 илјади долари се потрошени за авионски билети и престој во болница, а погребот на девојчето чинел 1,6 милиони динари.

На сметката на Тијана останале уште 405 илјади долари, а на две сметки на нејзината мајка 1,26 милиони евра, пишуваат медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top