Во сабота на 7 декември, спроти денот на македонските просветители светите Климент и Наум, ќе се одржи премиерата на претставата „Вечна куќа“ со која и официјално се отвора новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата ја режира Дејан Пројковски, а текстот е на Јордан Плевнеш. Во претставата игра целиот ансамбл на МНТ, студенти на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и на факултетот ЕСРА, а претставата се најавува како огромен спектакл за кој долго ќе се говори. Некаде околу осумдесет актери ќе застанат на сцената. Тие интензивно се подготвуваат за големата премиера. „Вечна куќа“ ќе има три премиери, на 7, 8 и на 9 декември и потоа ќе се игра уште 12 пати во декември, а од јануари редовниот репертоар на МНТ почнува да се одвива во новиот објект.
Еве дел од забавата на македонските актери во вечната куќа
фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“


























