| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Грк се обидел да внесе 57.000 евра во Македонија

evra

Цариниците на Богородица вчера спречија обид за нелегално внесување на 57.200 евра. Околу 16 часот на Граничниот премин се пријавило патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки кое го управувал грчки државјанин, а со него во возилото имало уште три лица. Иако на цариниците им кажале дека немаат што да пријават, при преглед на возилото било откриено дека патникот П.А. имал чанта во која имало 67.200 евра кои сакал да ги прошверцува во земјава.

evra1

Согласно законот, на грчкиот државјанин му се вратени 10.000 евра, а останатите се задржани.

evra2

Тој ќе си заработи соодветна кривична пријава.

evra3 evra4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top