| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на Теута Арифи е нов судија во Врховниот суд

На вчерашната седница Судскиот совет го избра адвокатот, Шпенд Деваја, за судија во Врховниот суд на Македонија. Деваја е сопруг на градоначалничката на Тетово и поранешна вицепремиерка за евроинтеграции, Теута Арифи.

На седницата советот избра и судии во Апелационите судови во Скопје, Штип и Битола. За скопскиот Апелационен суд се избрани Нуман Лимани и Фатмир Скендер, во Штип, Весна Димитриевска-Накова, а во Битола е избрана Ружица Ивановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top