
Шестмина вработени во СВР Тетово се откриени дека организрано работеле на издавање лични карти и пасоши со лажни податоци.
Нивните препоставени ин поднеле кривични пријави. МВР јави дека СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(34), непознато лице, за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“, А.Р.(34) за кривично дело „помагање“, Г.Б.(37) соработник за лични карти во Отсек за управни работи-Тетово, А.Т.(37) референт во истиот отсек, Н.Ќ.(31), референт за патни исправи, Џ.Љ.(23), референт за набавки, за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во септември 2010 година, А.Х. и непознатото лице ги искористиле личните податоци на А.Р. со негова согласност, со цел непознатото лице да добие лични документи. По ова, од нивна страна биле поднесени барања за издавање на документи со лични податоци од А.Р. а непознатото лице го фалсификувал неговиот потпис. По ова, вработените во Отсекот за управни работи-Тетово спротивно на Упатството за начинот на спроведување на постапка за издавање на лична карта и патна исправа ги примиле документите и биле изготвени лична карта и патна исправа со фотографија на непознатото лице, а со лични податоци на А.Р.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


