Истражувањето на јапонските научници е првото на светот кое успеало да ги сними процесите кои се одвиваат во мозокот на животните во моментот на нивното природно однесување.
Досега беше возможно мозочната активност да се следи според проценетите примероци на MRI скеновите за да се утврди кога одредени делови од мозокот се „палат“ и „гасат“, но во новото истражување прв пат е применета техника при која се снима секоја станица која на било кој начин ќе се придвижи. Оваа технологија би можела да се употреби за подобро да се сфатат процесите на создавање на мислите кај животните и луѓето, како и за подобро проучување на абнормалностите поради кои настануваат болести на мозокот.
-Во иднина ќе можеме да го објасниме однесувањето на животните, вклучувајќи го и учењето, памтењето, стравот, радоста, лутината, а се е базирано на посебни комбинции на активностите на невроните. Покрај тоа, ова откритие би можело да го скрати процесот на развивање на нови прихијатарски лекови-изјави Коичи Каваками, експерт од јапонскиот Национален институт за генетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.