Според пишувањата на шпанскиот магазин „Ел Конфиденциал“, фудбалерот на Реал Мадрид, Анхел ди Марија, од својот агент побарал тој да му договори трансфер во јануари во францускиот тим Монако.
Според тврдењата на изворот, аргентинскиот фудбалер не е задоволен од сегашниот статус што го има и сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. По доаѓањето на Велшанецот Герет Бејл во Реал Мадрид, минутажата на Ди Марија е значително намалена во однос на минатата сезона. Токму поради тоа, тој побарал од неговиот агент да му најде нов клуб.
Португалскиот менаџер има добри односи со Монако, каде што ова лето ги смести Радамел Фалкао, помогна и при трансферите на Џејмс Родригез, Рикардо Карваљо и на Жао Мутињо.
Како што пренесува „Ел Конфиденцијал“, во зимскиот преоден рок во Монако би можело да заврши и крилото на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)