| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Ќе продолжи инвестицискиот бум во Илинден

Ниските давачки, градежните парцели, мерките и упорноста се исплатеа. Илинден е место за инвестирање и сигурни сме дека инвестицискиот бум ќе продолжи. Ова го изјави Владимир Пешевски, вицегувернерот за економски прашања, кој присуствуваше на промоцијата на Програмата за локаните избори на кандидатот за градоначалник Жика Стојановски.

Пешевски истакна дека Стојановски, кој е и актуелен градоначалник на општина Илинден, е пример како неуморно се работи за да се привлече инвеститор повеќе, потенцирајќи дека општината има еден од најдобрите резултати при процентот на намалена невработеност.

Токму затоа, нагласи Пешевски е изготвена програма која е реална и која може да се исполни, а во интерес на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top