| четврток, 6 декември 2018 |

Роџерс го носи Робен на „Енфилд“?!

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, сака да ја донесе на „Енфилд роуд“ фудбалската ѕвезда на Баерн Минхен, Ариен Робен.

Со оглед на тоа дека договорот на Робен со Баварците истекува во јуни 2015 година, сѐ повеќе се шпекулира дека Баерн е подготвен да го продаде наредното лето за да заработи некое евро од неговиот трансфер.

– Ариен ќе размисли за евентуално продолжување на договорот, но за него има заинтересирани и од Премиер-лигата. За Ариен таа лига секогаш е интересна – пренесуваат англиските медиуми.

Холандскиот фудбалер во 2009 година дојде во Баерн Минхен од редовите на Реал Мадрид. Во досегашната кариера Робен настапуваше за Гронинген, ПСВ, Челси, Реал и за Баерн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top