Полскиот премиер Доналд Туск вчера предупреди дека без оглед на судбината на украинската влада претседателот на Украина Виктор Јануковиќ останува партнер за разговори со ЕУ и дека не треба да се прави ништо што би го турнало дефинитивно кон Русија.
– Претседателот Јануковиќ уште долго ќе биде клучна фигура во Украина. Не можеме да правиме ништо што дефинитивно би го упатило кон Русија. Гледано од наш агол, важно е Украина никој да не ја доведува до ѕид. Имам впечаток дека Русија се обидува да изврши силен притисок, изјавил Туск.
Премиерот на Полска нагласил дека сегашните протести во Украина на кои присуствуваа повеќе од 300.000 луѓе се јасен сигнал за тоа што мислат Украинците.
– Тие 300.000 луѓе на улиците се невидена работа. Најголема проевропска манифестација во историјата. Кога е во прашање расположението на улица, ова е недвосмислено јасно, рекол премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини