Израелските медиуми и политичари го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху дека лани потрошил 909 илјади долари за „екстравагантни трошоци“ од јавната каса, од кои, само за миризливи свеќи 1700 долари. Според документот за трошоци Нетанјаху потрошил и 23.300 за цветни аранжмани и 31.600 долари за уредување на градината во неговата резиденција во Ерусалим во 2012 година.
Документот предизвика остри критики против Нетанјаху, кого Израелците често го обвинуваат дека води „раскошен живот“, и оти не успева да пружи одговор за економските тешкотии на средната класа во земјата. Претходно годинава, локалната телевизија јави дека Нетанјаху, од јавните фондови, зел 127.000 долари за посебна кабина за спиење за време на петчасовниот лет за Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


