| четврток, 6 декември 2018 |

Самир Љута знаел само за гипс картон, но не и за масакрот кај Смилковци

monstrum

Седмообвинетиот во случајот „Мострум“, Сами Љута, кого обвинителството го товари дека бил логистика во случајот и дека чувал стража на местото на убиството, денеска ги негираше обвиненијата и тврдеше дека никогаш не бил на Смилковското езеро, пишува akademik.mk.

Љута пред судот се претставил како градежен работник кој делумно ги познава обвинетите. Во судница демонстрирал збунетост поради тоа што е дел од постапката, тврдејќи дека нема никаква  поврзаност со петкратното убиство.  

Осомничениот Самир Љута (28) е во притвор, откако полицијата во август го уапси поради сомнение дека е вмешан во масакрот кај Смилковци. Потоа со проширеното обвинение,  тој е обвинет дека им помагал на извршителите, претставувал логистика и чувал стража во близина на местото на злосторот додека се случувало петкратното убиство.

Двајца од обвинетите се на Косово и издржуваат казна затвор за нелегално поседување на оружје, со што се забави процесот на нивната екстрадиција.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири и Сами Љута се обвинети за тероризам, според обвинителството тие на  на 12 април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, со вкупно 21 истрел од калашников и пиштол ги усмртиле на лице место петте рибари кои ги затекнале кај Смилковското езеро. Обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои најпрвин беа во бегство, се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје, моментно се чека на нивната екстрадиција – им се суди во отсуство. При крајот на месец август, полицијата го уапси Сами Љута (28) под сомнение дека е дел од осомничената група осомничена за извршувањето на петкратното убиство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top