| четврток, 6 декември 2018 |

5 илјади евра за стан во центарот на Атина

atinaАтинскиот весник „Имерсија“ објавува дека во Атина се продаваат станови и по цена од 5 илјади евра, пренесува Нетпрес. Не е шега и не се во прашање рушевини, туку сосема пристојни станбени единици.
Колку сиромаштијата ја зафати некогашната грчка средна класа говори и податокот дека луѓето се подготвени по багателни цени да ги продаваат станови, бидејќи повеќе не се во состојба да ги плаќаат трошоците за одржување и даноци на недвижнини.
Пред само десет години во Грција секое слободно евро инвестираше во недвижнини. Денес, по намалувањето на платите и пензиите, масовните отпуштата и раст на даночните давачки, поголемиот број Грци мака мачат да се ослободат од вишокот недвижнини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top