Стапи во сила новиот Закон за кривична постапка со кој комплетната истрага за кривичните дела и сите наредби околу водењето на истрагата ќе ги дава Јавниот обвинител. Истражни судии нема да има, а полицијата при истрагата ќе работи под команда на Обвинителството. Обвинителите се надлежни за прибирање на доказите и гонење на сторителите на кривичните дела.
-При сторено кривично дело на лице место излегуваа истражен судија, јавен обвинител и полиција и судијата ја води постапката, со новиот закон обвинителот и правосудната полиција ќе излезат на лице место и ќе водата истражна постапка , во однос на известувањето секоја инситуција си ги задржува обврските- изјави Марко Зврлевски, државен јавен обвинител.
Наместо истражни, назначени се судии за претходна постапка, кои по барање на обвинителот ќе издаваат наредби за претреси и приведување, а ќе одлучуваат и за мерка притвор. Правосудната полиција пак ,според Зврлевски веќе започнала со работа.
-Правосудната полиција е составена од сите полициски службеници кои работеле на крим – истрага исто како и другите органи кои досега беа инволвирани, се дел од оваа полиција. За своите постапкаи правосудната полиција ќе одговара пред надлежниот орган односно полицијата, а обвинителот не е апсолутен шеф- рече Зврлевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЈO ќе ги гони оние кои фотографираат гласачи и го попречуваат гласањето
-
ЈО ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот
-
Напаѓачите на Никола Саздовски се бранеа со молчење пред обвинителот
-
Јавното обвинителството ќе гони 30 лица за настаните од 27 април