Парното, сепак, нема да поевтини. До регулаторната комисија за енергетика не е пристигнато никакво барање за корекција на цената на парното греење, велат извори во комисијата за 24 Вести.
„Балкан Енерџи Груп која го презема топлификацискиот бизнис не може ниту формално-правно да поднесе барње затоа што постоечкиот правилник кој утврдува приходи и цени и со кој практично се утврдува цената, не е во согласност со законот за енргетика, вели висок извор од регулаторна, се уште нема информација и кога регулаторите ќе го подготват новиот правилник за утврдување на цената на парното греење. Ова значи дека воопшто не се созададени услови дури и да се поднесе барањето, а дури потоа да се разгледува и да се донесе одлука за нова пониска цена на парното греење“, велат извори во Комисијата.
Во јавноста веќе проструи информација дека руската фирма Балкан Енерџи Груп ќе побара од регулаторната комисија намалување на цената за 5% како и греењето да продолжи до 23-30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.