Како се наближува зимскиот преоден рок, медиумите како по обичај почнуваат со шпекулации за можни трансфери. Иако се зборуваше дека Серхио Агуеро може да го напушти Манчестер сити и на зима или во лето да се префрли во редовите на Реал Мадрид, тренерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини остро ги демантираше овие вести.
Според пишувањето на магазинот „Сан“, Агуеро ќе биде главна цел на Реал, кој е подготвен за неговиот трансфер да плати 48 милиони фунти. Од друга страна, Пелегрини е убеден дека 25-годишниот напаѓач и наредната сезона ќе игра за Манчестер сити.
– Не знаеме ништо за интересирањето на Реал Мадрид. Мислам дека Агуеро не сака да го напушти тимот, тука е задоволен, така што за нас нема проблеми – рече Пелегрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)


