| четврток, 6 декември 2018 |

(Ексклузивно) Грција го откажа економскиот форум за Македонија

Ново „тивко ембарго“ од јужниот сосед

Атинската стопанска комора денеска ги известила директорите на Грчкиот национален директорат за технолошки индустриски зони дека го одлага најавениот грчко-македонски бизнис-форум.

Економскиот форум требаше да се одржи на 17 декември и на него требаше да се сретнат стопанственици и официјални претставници од двете земји за да се продлабочи економската соработка и зголемување на инвестициите.

Според извори во грчкото Министерство за економија, бизнис форумот официјално е одложен поради слаб интерес од страна на грчките компании.

Неофицијално, грчките власти ја донеле одлуката за откажување на форумот поради страв дека сама ќе помогне да се засили трендот на одлевање на грчкиот капитал од Грција кон Македонија поради поволните услови за инвестирање во земјава.

Наспроти обидите на официјална Атина да го оневозможи движењето на грчкиот капитал кон Македонија и јавните осуди за своите државјани кои своите пари ги трошат во пограничните региони, македонските туристи продолжуваат да бидат најревносните потрошувачи кај јужниот сосед.

Само во 2012 година, според статистиката на Солунската стопанска комора, македонските граѓани во Грција потрошиле повеќе од половина милијарда евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top