Без согласност од доверители, стечајниот управник на градежната компанија „Бетон“ од Куманово го распродавала имотот на компанијата, а парите ги делел со купувачите.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(49) од Куманово, стечаен управник на ГП „Бетон“ а.д. Куманово во стечај, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување или уништување деловни книги и против Д.С.(57) од Куманово за помагање сторител по извршено кривично дело. М.Н. искористувајќи ја својата положба во текот на своето работење сѐ до негово разрешување во повеќе наврати стечајната маса-подвижниот имот на друштвото без согласност од Собранието на доверители и одлука и решенија од стечајниот совет ги продал на повеќе лица, а дел од имотот продал и на Д.С., по што паричните средства ги поделил со него. Со овие незаконитости пријавените го оштетиле друштвото за 1.722.761 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.