| четврток, 6 декември 2018 |

Сариевски – пејач кој се раѓа еднаш во 100 години

Са­ри­ев­ски е еден од ос­но­ва­чи­те на ан­самб­лот „Та­нец“ и по­сто­ја­но па­ту­ва­ше низ све­тот ши­реј­ќи ја при­каз­на­та за ори­ги­нал­ни­от ма­ке­дон­ски на­ро­ден ме­лос. Тој бе­ше чо­ве­кот што ги пре­мо­сти оке­а­ни­те и на на­шин­ци­те со де­це­нии им бе­ше вр­ска со род­ни­от крај, а на да­леч­ни­те на­ро­ди на еден убед­лив на­чин им го пре­зен­ти­ра­ше бо­гат­ство­то на на­ша­та фолк­лор­на риз­ни­ца

Sarievski-Aleksandar-1

Во сво­е­то шест­де­це­ни­ско умет­нич­ко тво­ре­ње и жи­ве­е­ње, Але­ксан­дар Са­ри­ев­ски ис­пи­ша бо­га­ти би­о­граф­ски стра­ни­ци оста­вај­ќи по­ве­ќе од че­ти­ри­сто­ти­ни трај­ни звуч­ни за­пи­си за му­зич­ка­та про­дук­ци­ја на МРТВ и за дру­ги ди­ско­граф­ски про­дук­ции, ка­ко што бе­ше ПГП – РТБ, кои веч­но ќе спо­ме­ну­ва­ат за ед­на не­по­втор­ли­ва умет­нич­ка лич­ност, ко­ја да­де огро­мен при­до­нес во не­гу­ва­ње­то и во афир­ми­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та фолк­лор­на умет­ност кај нас и на­се­ка­де по бе­ли­от свет.

Из­во­нред­ни­от и не­по­втор­лив пе­јач и ком­по­зи­тор, Але­ксан­дар Са­ри­ев­ски е ро­ден во Га­лич­ник на 20 ју­ни 1922 го­ди­на. Уште ка­ко мал имал го­ле­ма жел­ба да пее и да го раз­ле­ва дет­ски­от глас по га­лич­ки­те кал­др­ми, кај Упи­ја, сре­тсе­ло и по па­ди­ни­те на Би­стра. Ка­ко де­те ги слу­шал ов­чар­ски­те ка­ва­ли, кои се ме­ша­ле со зву­ци­те на кло­по­тар­ци­те и со ла­е­жот на чу­ва­ри­те шарп­ла­нин­ци. Го слу­шал за­ви­ва­ње­то на зур­ли­те, тат­не­жот на та­па­ни­те и пла­чот на мла­ди­те не­ве­сти, кои си ги ис­пра­ќа­ле мла­ди­те мом­чи­ња во ту­ѓи­на. Ко­га имал де­сет го­ди­ни не­го­ви­те ро­ди­те­ли се пре­се­ли­ле во Скоп­је. Але­ксан­дар со сво­и­те беч­ви­ња (пан­та­ло­ни) поч­нал да се ше­та по скоп­ски­те кал­др­ми­са­ни со­ка­ци. Пред се­бе си го по­ста­вил пре­диз­ви­кот ка­ко да се снај­де во го­ле­ми­от град. Сред­но­то обра­зо­ва­ние го за­вр­шил во Скоп­је. То­гаш поч­нал да сви­ри хар­мо­ни­ка. Во 1946 го­ди­на во Ма­ке­дон­ско­то ра­дио ја сни­мил пес­на­та „А бре не­ве­сто око ка­ле­шо“, со што поч­на­ла не­го­ва­та бле­ска­ва и пре­бо­га­та му­зич­ка ка­ри­е­ра.

Sarievski-Aleksandar-2

Са­ри­ев­ски е еден од ос­но­ва­чи­те на ан­самб­лот „Та­нец“ и по­сто­ја­но па­ту­ва­ше низ све­тот ши­реј­ќи ја при­каз­на­та за ори­ги­нал­ни­от ма­ке­дон­ски на­ро­ден ме­лос. Тој бе­ше чо­ве­кот што ги пре­мо­сти оке­а­ни­те и на на­шин­ци­те со де­це­нии им бе­ше вр­ска со род­ни­от крај, а на да­леч­ни­те на­ро­ди на еден убед­лив на­чин им го пре­зен­ти­ра­ше бо­гат­ство­то на на­ша­та фолк­лор­на риз­ни­ца.

Во сво­и­те пес­ни го опеа род­ни­от Га­лич­ник, пе­чал­барс­тво­то, пе­е­ше за не­воз­вра­те­на­та љу­бов, а от­пеа и мно­гу ху­мо­ри­стич­ни пес­ни. Ед­на од нив е пес­на­та „Зај­ко ку­ку­рај­ко“, чиј­што автор е та­тко­то на Ва­ска Или­е­ва, То­дор Гај­да­џи­ја­та. Са­ри­ев­ски е еден од нај­го­ле­ми­те ам­ба­са­до­ри на на­ша­та автен­тич­на ма­ке­дон­ска кул­ту­ра. На пр­ва­та тур­не­ја од Ниш до Сплит трг­нал во да­леч­на­та 1950 го­ди­на и од то­гаш по­сто­ја­но па­ту­вал низ све­тот, или ка­ко што и са­ми­от ре­кол во ед­на при­го­да: „Со пес­на­та про­ски­тав­ме по све­тот“.

Со сво­и­те ко­ле­ги од естра­да­та – Ва­ска Или­е­ва, Ви­о­ле­та То­мов­ска, Ан­ка Ги­е­ва, Ни­ко­ла Ба­дев, ре­а­ли­зи­рал мно­гу тур­неи низ Евро­па и све­тот. Над пет­на­е­сет па­ти бил во САД и во Ка­на­да и де­се­ти­на па­ти во Ав­стра­ли­ја. На­се­ка­де со гор­дост ја пе­ел ма­ке­дон­ска­та пес­на и им рас­ка­жу­вал за не­го­ва­та Ма­ке­до­ни­ја.

Низ го­ди­ни­те на­на­зад мно­зи­на се оби­ду­ва­ле да ја ис­пе­ат ле­ген­дар­на­та пес­на „Зај­ди, јас­но сон­це“, но ни­кој од нив не ус­пеа да ја над­ми­не ин­тер­пре­та­ци­ја­та на Са­ри­ев­ски.

До­а­јен­ка­та на ма­ке­дон­ска­та из­вор­на пес­на Ви­о­ле­та То­мов­ска, ко­ја дол­го вре­ме се дру­же­ла со Са­ри­ев­ски, а осо­бе­но на нив­ни­те за­ед­нич­ки тур­неи со го­ле­ма по­чит збо­ру­ва за неј­зи­ни­от ко­ле­га и дру­гар.
– Tој бе­ше вр­вен ин­тер­пре­та­тор со не­ве­ро­јат­на чи­сти­на во гла­сот, а не­го­во­то бо­га­то му­зич­ко нас­ледс­тво ќе оста­не за ид­ни­те ге­не­ра­ции. Ка­ко чо­век бе­ше мно­гу скро­мен и мно­гу ис­пол­ни­те­лен во про­фе­си­ја­та – ве­ли То­мов­ска.

И ху­мо­ри­стот и ими­та­тор Ран­ко Ран­ге­лов, кој че­сто бил во друж­ба со Са­ри­ев­ски, ве­ли де­ка бил иск­лу­чи­тел­на лич­ност. Тој осо­бе­но ги наг­ла­су­ва про­би­те на „Та­нец“, чи­и­што из­вед­би Са­ри­ев­ски са­кал да ги до­ве­де до пер­фек­ци­ја. – На тур­не­и­те мно­гу че­сто ја во­де­ше и сво­ја­та со­пру­га. Бе­ше се­ме­ен чо­век – зак­лу­чу­ва Ран­ге­лов.

„Дој­чи­не, бак­ни ме в че­ло“

Во 1950 го­ди­на Са­ри­ев­ски па­ту­вал со „Та­нец“ на фе­сти­вал во Лан­го­лен, Анг­ли­ја на пр­ва­та ин­тер­на­ци­о­нал­на тур­не­ја на ан­самб­лот за на­род­ни пес­ни и ора. Та­му прв­пат пред свет­ска­та јав­ност е изи­гра­но оро­то „Те­шко­то“ во чи­ја­што из­вед­ба ка­ко та­пан­џи­ја учес­тву­вал и не­по­втор­ли­ви­от Але­ксан­дар Са­ри­ев­ски. Тој че­сто на при­ја­те­ли­те им рас­ка­жу­вал за овој на­стан: „Си­те имав­ме тре­ма. Ко­га ги пог­лед­нав де­вет­те­ми­на игра­ор­ци беа жол­ти ка­ко кр­па, а јас се пла­шев да не ми ис­пад­не прач­ка­та од ра­ка со ко­ја уди­рав по та­па­нот. Ко­га ле­ген­дар­ни­от оро­во­дец Дој­чин Ма­тев­ски се ка­чи на та­па­нот го пог­лед­нав и му ре­ков: „Дој­чи­не бак­ни ме в че­ло!“. Отка­ко го на­пра­ви тоа со нас­ме­вка се свр­тев на­кај игра­ор­ци­те и тре­ма­та за миг ис­чез­на. На­ши­от на­стап бе­ше прос­ле­ден со ова­ции од пуб­ли­ка­та, а жи­ри­то ни ја до­де­ли пр­ва­та на­гра­да на фе­сти­ва­лот“.

Во не­го­ви­от про­фе­си­о­на­лен пер­и­од тој ја имал и функ­ци­ја­та ра­ко­во­ди­тел на Ор­ке­ста­рот на на­род­ни ин­стру­мен­ти на то­гаш­на­та Ра­дио-те­ле­ви­зи­ја Скоп­је, тој бил и ре­цен­зент и про­ду­цент на ди­ско­граф­ска­та про­дук­ци­ја на Ра­дио-те­ле­ви­зи­ја Бел­град до 1984 го­ди­на. Но, Са­ри­ев­ски со сво­јот умет­нич­ки про­фил и опус го вгнез­ди сво­е­то име во це­ла­та на­ша кул­тур­на исто­ри­ја.

Тој бе­ше пе­јач за кој на­ро­дот со пра­во ве­ли де­ка се ра­ѓа ед­наш во 100 го­ди­ни. На сце­на­та на еден по­се­бен сли­ко­вит на­чин са­ка­ше пес­на­та да ѝ ја до­ло­ви на пуб­ли­ка­та. Зна­ел да жа­ли со го­ра­та, ка­ко по се­стра. Да се се­ќа­ва на лу­ди­те мла­ди го­ди­ни што ле­та­ат ка­ко си­ви га­ла­би. Зна­ел да се ше­гу­ва на сце­на­та, осо­бе­но во ду­е­ти­те со Ва­ска Или­е­ва. На кон­цер­ти­те че­сто зна­ел да го зе­ме и та­па­нот, а не­ре­тко и да за­и­гра. Тие што до­бро го поз­на­ва­ле ве­лат де­ка бил чо­век со не­ми­рен дух, чо­век со го­лем пе­јач­ки елан, кој пос­лед­ни­те го­ди­ни од не­го­ви­от ра­бо­тен век ги по­ми­нал во са­мо­стој­на умет­нич­ка деј­ност. По­чи­на во Скоп­је на 19 де­кем­ври 2002 го­ди­на. Ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка оста­ви­на е по­бо­га­та со не­го­во­то без­вре­мен­ско де­ло. Не­го­ви­те пес­ни веч­но ќе зра­чат со сво­јот сјај, а ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и му­зич­ка сце­на ќе му би­дат трај­но бла­го­дар­ни.

Sarievski-Aleksandar-3Најпознатите песни на Сариевски

– Зај­ди,зај­ди јас­но сон­це
– Учи ме мај­ко,ка­рај ме
– Ја­но мо­ри
– Деј­ги­ди,лу­ди мла­ди го­ди­ни
– Абер дој­де Дон­ке
– Зај­ко ку­ку­рај­ко
– Сед­на ба­ба да ве­че­ра
– Ми­тро, Ми­тро мо­ри
– Кан­ди­сал Ајре­дин-па­ша

Из­во­нред­ни­от пе­јач, ком­по­зи­то­рот на пес­ни­те за кои пом­ла­ди­те мис­лат де­ка се на­род­ни, Са­ри­ев­ски ќе оста­не ед­на од нај­го­ле­ми­те ле­ген­ди на ма­ке­дон­ска­та из­вор­на му­зи­ка. Пуб­ли­ка­та ќе го па­ме­ти по не­по­втор­ли­ви­от глас и по љу­бо­вта кон му­зи­ка­та.

Текст објавен во 5. број на неделникот Република (5 октомври 2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top