| четврток, 6 декември 2018 |

Џуџето, најпознатиот скопски џепчија, ја заработи стотата кривична пријава

dzeparos

Ј.И. (44) познат како Џуџето деновиве е фатен како украл пари од чанта на скопјанка во автобус на линијата број 50. Ова, според МВР, е стота по ред кривична пријава за најпознатиот скопски џепчија.

Џуџето најверојатно е македонски рекордер по кривични дела. Тој извршил 315 кривични дела, а досега бил во затвор дури 36 пати. Џуџето е тежок зависник од наркотици и од него постојано се шири неподнослива реа од раните кои ги има по целото тело.

СВР Скопје денес соопшти дека до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ј.И. познат како Џуџе (44) поради основано сомнение дека на 24 минатиот месец околу 19.30 часот на ул. „Вељко Влаховиќ“ на автобуската постојка „Рекорд“ извршил кривично дело – џебна кражба. Имено, пријавениот кривичното дело кражба на паричник од чанта го извршил на тој начин што ја искористил гужвата во автобусот број 50 на ЈСП и протнувајќи ја раката во чантата која оштетената П.Ф. ја носела со себе, и го одзел паричник во кој имало лична карта, карта за патување со брод на име на оштетената, извод од банкомат, околу 1.500 денари и други лични предмети.

Непосредно по извршувањето на кривичното дело Ј.И. е пронајден на автобуската постојка „Рекорд“ и приведен е во ПС од ОН „Гази Баба“ каде што е извршен разговор и личен претрес, при што кај него е пронајдена картата за патување со брод на име П.Ф., сметка од банка на нејзино име како и едно огледалце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top