Во петокот, Големиот Кањон беше дел од редок феномен. Поради температурните инверзии, целиот кањон беше исполнет со магла, пишува на официјалната страница на Националниот парк на која се објавени овие прекрасни фотографии.
Типично, температурата на воздухот се намалува со надморската височина, но кога станува збор за инверзија, тополиот воздух го потиснува ладниот кон Земјината површина и спречува нивно мешање.
Обично ваква појава се случува еднаш или двапати годишно, обично во зимските месеци, но само делумна. Оваа температурна инверзија е посебена и многу поретка бидејќи целиот кањон беше исполнет со магла, а не само делови. За убавинатата да биде комплетна помогна и небото, кое баш тој петок немаше ниту еден облак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.