| четврток, 6 декември 2018 |

Дојче телеком ќе крати 6.000 работни места?

telecom-450x298„Дојче телеком“ планира да врачи од 4.000 до 6.000 откази во рамки на радикалните реструктури на своите ИТ филијали на „Т-Системс“, пренесуваат светските медиуми.

Цитирајќи извори од германскиот телекомуникациски гигант, економскиот весник
„Ханделсблат“ наведува дека директорот на „Т-Системс“, Тимотеус Хетгес, ќе го претстави планот на откази пред надзорниот одбор на „Дојче телеком“ на состанокот на 12 декември, пренесува агенцијата „Франс прес“.

„Т-Системс“ вработува 29.000 луѓе во Германија, а планираното укинување работни места би било спроведено во наредните три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top