| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска кажа „не“ на истополовите бракови

hrvatska_eu_znaminjaСпоред конечните резултати од референдумот за уставно дефинирање на бракот во Хрватска, 946.433 или 65,87 отсто од гласачите заокружиле „за“, а 481.534 гласачи или 33,51 отсто „против“. За резултатите во Хрватска известуваа највлијателните светски медиуми, со забелешка – референдумското прашање беше насочено против хомосексуалното малцинство.

„Хрватите на референдумот ја поддржаа забраната за истополови бракови. Речиси 90 отсто од хрватската популација, која брои 4,4 милиони луѓе кои се изјаснуваат како римокатолици, а црквата солно заговараше да се гласа „за“, објави „Би-Би-Си“.

„Мнозинството Хрвати на референдумот гласаа за забрана на геј-браковите. Тоа е голема победа за конзервативците кои ги поддржува католичката црква во најновата членка на ЕУ“, извести АП. Оваа агенција, исто така, пишува дека референдумот длабоко ја подели Хрватска. „Либералните групи од стартот нагласуваа дека ова прашање ги нарушува основните човекови права. Резултатите од референдумот покажуваат дека десничарските и конзервативните сили во Хрватска се засилени во екот на длабоката економска криза и раширената невработеност“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top