Еден Австралиец си ја бара девојката преку постер со наслов „Загубена“, а со слика од популарната актерка Скарлет Јохансон.
Постерот се појавил на бандерите во Сиднеј, а на него се наоѓа слика од најсексапилната актерка за 2013 година, Скарлет со натпис „Загубена девојка“.
– Ако си ова ти или барем личиш, јави се – вака напишал Австралиецот и го оставил неговиот број.
Локалната радиостаница стапила во контакт со него, а тој им одговорил дека нема ништо против ако му се јави лично Скарлет или некоја девојка која личи на неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


