| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарските сточари бараат нов бренд „Дебарско сирење“

sirenje

Ваквата одлука е донесена по повеќето предлози, главно дадени од сточарите од Жупа, кои предлагаа, меѓу другото брендот да го носи името „ Коџаџенг“ (голема битка), што беше отфрлено од повеќето сточари.

Здружението на сточарите од Дебарскиот регион „Даши“  донесе одлука брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името „Дебарско сирење“.

Ваквата одлука е донесена по повеќето предлози, главно дадени од сточарите од Жупа, кои предлагаа, меѓу другото брендот да го носи името „ Коџаџенг“ (голема битка), што беше отфрлено од повеќето сточари.

– Нашето здружение веднаш по одлуката достави барање до надлежните државни институции кои се занимаваат со брендирање на домашните производи, овој млечен производ да го носи името Дебарско сирење. Сега очекуваме одговор, вели претседателот на здружението, Скендер Аме.
Според него, договорено е веднаш по добивањето позитивен одговор од надлежните за добивање на трговска марка, сирењето од дебарските сточари да се продава во соодветни канти со свое лого и име.

Дебарското сирење е едно од најквалитетните произведени на традиционален начин во Европа и на неодамнешниот Саем на млечни производи одржан во Италија доби високи оценки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top