Тоше Проески

Балканската музичка икона настрада во сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година. Несреќата се случи во близина на Нова Градишка во Хрватска кога автомобилот „туарег“ се заби во камион. Во моментот на несреќата Тоше (26 години) спиел на совозачкото седиште.
Долорес Ламбаша

32-годишната хрватска актерка загина во сообраќајка на 23 октомври годинава на сличен начин како што загина и Тоше. Автомобилот „туарег“ се забил во камион во близина каде што се загина Проески. Ламбаша била совозач, а несреќата се случила во 6.20 часот, времето кога беше и несреќата на Тоше.
Џемјс Дин

Вечниот бунтовник, американскиот актер кој беше синоним за златниот период на Холивуд имаше само 24 години кога загина во сообраќајна несреќа на 30 септември 1955 година. Возеше „порше спајдер“, а животот го загуби во Калифорнија. Несреќата се случила поради пребрзо возење.
Грејс Кели

Принцезата од Монако, актерката Грејс Кели, загина на 13 септември 1982 година. Во моментот на несреќата во автомобилот била со нејзината ќерка Стефани, која ја преживеа несреќата. Актерката почина во болница следниот ден.
Принцезата Дајана

Принцезата од Велс почина на 36-годишна возраст на 31 август 1997 година во Париз. Во истата сообраќајка загина и нејзиниот вереник Доди ал Фајед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Конечно проговори личниот фризер на Принцезата Дајана: Ова е најзината тајна
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот


