| четврток, 6 декември 2018 |

Цело семејство од Велешта е пријавено поради лихварство, грабнување и недозволено оружје

pistol pari

ПС Струга, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела лихварство, грабнување, предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, поднесе кривична пријава за Б.К. (48) и неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) сите од с. Велешта, Струшко. Истражен судија, на Б.К. и У.К. им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 28.11.2013 година во телефонски разговор, пријавениот Б.К. од лицето А.Г. (39) од Струга побарал да му исплати паричен долг од 8.000 евра притоа упатувајќи му сериозни закани. Истиот ден околу 17 часот отишле во домот на А.Г. на улицата „Маршал Тито“ во Струга, каде што физички ги нападнале неговите родители Ф.Г. (64) и А.Г. (58) барајќи им пари. Потоа се обиделе во нивните патнички моторни возила насилно да ги внесат двајцата сопружници, но поради нивното спротивставување не успеале во намерата. За да ги заплашат, пријавените Б.К. и У.К. извадиле пиштоли што нелегално ги поседувале и испукале повеќе куршуми. Во февруари оваа година, пријавениот Б.К. и оштетениот А.Г. потпишале фиктивни договори за заем на парични средства. Инаку, сега притворениот Б.К. е лице познат на службата против кого и досега, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top