53 демонстранти и 15 полицајци се повредени во судирите што се случија вчера за време на протестите на опозицијата во центарот на Киев, пренесува „Ројтерс“. Нередите се случиле откако група насилни демонстранти се обиделе да го заземат претседателскиот кабинет кои во еден момент дури употребиле и булдожер. Полицијата во растерувањето на групата користела солзавци, палки и светлечки гранати.
На централниот плоштад во Киев вчера протестираа повеќе од 350.000 луѓе предводени од украинската опозиција кои бараа од владата на претседателот Виктор Јануковиќ да даде оставка. Ова е најголемиот протест од Портокаловата револуција што се случи пред девет години.
Демонстрациите се одржаа на денот кога се одбележува 22-годишнина од референдумот со кој Украина се одвои од СССР, а лидерот на опозицијата го обвини претседателот дека го отфрлил договорот што го нудела Европската унија и се завртил кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина