Иако директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази, тврдеше дека го решил прашањето за неговиот потпис на документите од фондот на начин што тој го посакувал, документот што го обезбеди Алсат телевизија покажува дека неговото име прво е напишано на кирилица, а потоа на латиница. Прашањето за неговото потпишување беше покренато пред еден месец кога другата директорка на Фондот, Маја Парнарџиева-Змејкова му забранила на Мехази да го пишува неговото име на албански јазик. Таа дури и им се заканила на другите вработени во Фондот со дисциплински мерки ако користат латиница.
Двајцата директори останаа на своите ставови цел месец, поради што останаа блокирани повеќе документи, бидејќи тие не се валидни ако на нив го нема потписот и на двајцата директори. Џемали Мехази на 19-ти ноември изјави дека спорот е решен во негова полза и дека отсега ќе се потпишува на албански јазик. И Змејкова рече дека проблемот бил решен, но без да каже што е договорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Ако е зачуван јазикот и идентитетот – македонски, зошто во Брисел сме латинично makedonski, а не macedonian?
-
Швајцарската претседателка Дорис Леутард се потпиша против промена на името
-
Заев за ставот на Иванов: Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише, ќе потпише