| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во текстила фабрика во Италија, најмалку пет загинаа

pozar

Најмалку пет лица загинаа, а три се повредени во пожар во една текстилна фабрика во градот Прато, во близина на Фиренца, соопшти денеска италијанската пожарникарска служба.

Најмалку пет лица загинаа, а три се повредени во пожар во една текстилна фабрика во градот Прато, во близина на Фиренца, соопшти денеска италијанската пожарникарска служба.

Во фабриката, која се наоѓа во индустриската зона позната по голем број текстилни фирми во кинеска сопственост, пожарот избувнал утрово, а пожарникарите во делот на фабриката кој личел на импровизирана спална соба, пронашле пет изгорени тела.

– Во моментов изгледа дека има петмина загинати, изјави претставник на пожарникарската служба на градот Прато, дополнувајќи дека потрагата продолжува па можно е да има уште жртви.

Локалните медиуми пишуваат дека најмалку 11 работници живееле во спалните соби, кои имале картонски ѕидови и се наоѓале два ката над магацинот на фабриката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top