
На работ на сиромаштијата е секој четврти жител на Грција, по што таа е прва во ЕУ, пишува атинскиот весник „Пондики„.
Грција под сиромаштија дури и под Бугарија, Романија и сега Хрвтаска кои последни се приклучија на унијата.
Во опасност од сиромаштија се 23,1% од жителите, при што таа опасност е нешто поголема меѓу жените (23,6%), отколку меѓу мажите (22,5%), покажуваат резултатите на анализите направени во 2012 година.
Опасност од сиромаштија се утврдува врз основа на односот меѓу бројот на домаќинствата со приходи помали од 60 % од просечниот приход, од вкупниот број на домаќинства во една земја. Така во Грција границата од опасност од сиромаштија изнесува 5.708 евра за лице кое живее само, а 11.986 евра за статистички просечно семејство кое го сочинуваат две возрасни лица и две деца помали од 14 години.
Во Грција од сиромаштија најмногу се загрозени домаќинствата кои имаат само еден родител со едно дете или повеќе деца (66%). Потоа следат невработените мажи 52.1%, останатите невработени 33,3%, деца од раѓање до 17 години-26,9%, жени кои живеат сами 24,1% и семејства чии еден член е постар од 65 години 24,5%.
Во опасност од сиромаштија се 914.873 семејства, со вкупно 2.536 милиони членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


