| четврток, 6 декември 2018 |

Аталанта и Сампдорија ги изненадија фаворитите Рома и Интер

Рома го избегна првиот пораз сезонава во Серија А, а прв неуспех на „волчицата“ не дозволи Кевин Стротман со гол во 90 минута, во Бергамо против Аталанта. Бривио со гол во второто полувремеим донесе предност на домаќините, но Аталанта сепак мораше да се задоволи со еден бод. Рома стартуваше со рекордни 10 победи, но оттогаш има 4 нерешени средби.

Идентично и Интер одигра 1-1 против Сампдорија, но тој меч имаше сосема поинаков редослед на работите. Во Милано фаворитот Интер поведе со голот на Гварин, а Сампдорија направи сензација со гол во 89 минута преку Ренан.

Агим Ибраими внесе свежина во редовите на Калјари, откако влезе во игра во 69. минута на натпреварот против Сасуоло. Домаќините губеа со 0-2, а од 72 до 87 минута постигнаа два гола за конечни 2-2. Од денешните 5 натпревари само Милан и Киево победија. Миланезите славеа со 3-1 на гостувањето кај Катанија, а Киево на домашен терен го совлада Ливорно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top