Авионот на националната компанија „Ер Србија“, ербас А319 во 13.10 часот слета на аеродромот во Бања Лука, со што повторно официјално се воспостави сообраќајот меѓу Србија и Република Српска.
Авионот од Белград полетал во 12.15 часот, а бил дочека со традиционални водени топови како и со пресекување на лента на која присуствувал претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Со првиот лет на „Ер Србија“ во Бања Лука стигнаа и српскиот министер за сообраќај Александар Антиќ и генералниот директор на Ер Србија, Дане Кондиќ.
По слетувањето, Додик истакнал дека ова е важен ден не само во сообраќана туку и во емотивна смисла, потенцирајќи дека значењето на оваа линија е големо и долгоочекувано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.