Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија му подари шарпланинец на емирот од Катар, неговото височество шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.
По четири месеци живот во армиската одгледувачница во Скопје, нов дом на шарпланинецот Рино ќе биде кралската палата во Доха. Освен шарпланинецот, претседателот на Република Македонија на емирот му подарил и колекција македонски производи, во која имаше македонски чаеви, природен мед со тартуфи и фотоалбум со фотографии од Македонија при минатонеделната посета на Катар.
Од другата страна, домаќините на нашиот претседател му подариле макета, реплика на традиционален катарски брод, кој во минатото се користел за собирање бисери.
Заедно со Иванов, во Катар отпатува и неговата сопруга Маја, која на сопругата на емирот, Н.В. Шеика Моза бин Насер, и’ подари охридски бисери, а од неа доби катарски сувенири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.