| четврток, 6 декември 2018 |

Споменикот на Тито најверојатно ќе се отстрани, опасен е по безбедноста на граѓаните

Вчера на 29 ноември, по повод поранешниот државниот празник на некогашната СФРЈ, беше поставен споменик на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија во центарот на Скопје. Овој споменик нема никаква врска со Скопје 2014, туку е поставен од партијата Титови леви сили од Слободан Угриновски, кој патем беше лустриран, објавува „Нетпрес“.
Ваков споменик не е предвиден со ДУП и за него не е издадена дозвола.  Надлежните утврдиле дека споменикот-дивоградба е направен од гипс или полиестер, се држи на шест штрафа и на посилен ветер може да летне и да повреди некој.
Голема е веројатноста дека ќе се отстрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top