И после четири месеци бугарската туристка, која беше пронајдена мртва во Струга се уште не е погребана, објави „Канал 5“. Телото на 63 годишната Павлина Христова Панчева од Софија се наоѓа во Битолската капела.
Согласно законот, за погребување на странски државјани одлучува потесното семејство или матичната држава. Струшкиот суд преку МНР испратил известие до Р. Бугарија, од таму на 18 Октомври одобриле Македонија сама да ја погреба покојната, бидејќи таа немала заинтересирани членови од семејството, а очигледно бугарската држава не сака да се изложува на трошоци.
Судијата Никола Спасески, кој го води случајот за Канал 5 вели судот ги презеде сите чекори согласно меѓународното право. Туристката ќе биде погребана во земјава но, се чека Судскиот буџетски совет да издвои пари.
Погребот ќе чини неколку илјадници евра. Бидејќи само еднодневниот прсестој во битолската капела чини 1500 денари.
– Се чека судот да донесе одлука, кога и каде ќе биде погребана бугарската туристка. Се собираат понуди од гробиштата во регионот, Битола, Струга, Охрид и Ресен.
Ресенските гробишта биле најефтини во регионот , но таму не сакаат туѓинци бидејќи немало место ни за ресенчани.
Павлина Христова Панчева на 11 Август беше пронајдена мртва во изнајмена соба во Струга. Нејзиното тело го најде сопственикот на куќата, а го идентификува бугарскиот конзулат.
Според обдукцијата починала од тежок излив и немало траги на насилство. Таа во Македонија престојувала нелегално без пасош и документи имала само работна книшка. Нејзината татковина сега, не ја сака останува Македонија да и го плати погребот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде