| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите денеска на референдум за дефинирање на бракот во Уставот

Хрватска денеска спроведува референдум за вклучување во Уставот на дефиниција на бракот како заедница меѓу маж и жена, пренесува Танјуг. Референдумот е поддржан од конзервативната опозиција и католичката црква.

Хрватските гласачи ќе одговорат на следното прашање: „Дали сметате дека дефинирањето на бракот како заедница меѓу маж и жена треба да биде вклучено во Уставот на Република Хрватска?“

Референдумот е распишан на барање на здружението, обединето под мотото „Во име на семејството“, кои собраа потписи од над 700.000 граѓани, кои бараат бракот да биде уставно дефиниран како заедница меѓу маж и жена.

Распишувањето на референдумот предизвика жестока дебата во земјата и ја подели јавноста. Вчера во Загреб ЛГБТ заедницата одржа марш за „не“ на референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top