| четврток, 6 декември 2018 |

Фискална во рака-награда без мака – наградната игра стартува денеска

kupuvaci na kasa

Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, која стартува денеска.Со наградната игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

– Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференција.

Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top