| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица во делириум, се слави историскиот успех на ракометарите на Зомимак

Струмица е во делириум, се слави историската победа на ракометарите на Зомимак против данскиот клуб Архус. Реваншот заврши со победа на македонскиот претставник од 9 разлика, тројно повеќе од поразот во првиот меч на гости. Бомбардерот Раде Стојановиќ со 13 гола беше нерешлива енигма за гостите од Данска.

Одлична партија прикажа и Павловски кој постигна 6 гола, но и сите останати ракометари на Зомимак во победата од 33-24. Во четврток е извлекување на групите во ЕХФ купот, а дотогаш Струмица ќе го слави убавиот успех на нивните миленици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top