Македонскиот шампион МЗТ Скопје загуби добиен меч против Цибона, а на металците им беа малку и 26 поени предност што ги имаа во текот на мечот, па сепак загубија со 88-93.
Во средината на вториот период кошаркарите на МЗТ водеа со уверливи 42-16 и кога се чинеше дека победата е сигурна, се случи неверојатен пад во играта и уште поголем пресврт. До крајот на мечот Цибона направи 31 поен вишок и славеше со 5 поени.
По првиот дел македонскиот првак имаше позитива од 14 разлика, 49-35, а кошаркарите на потранешниот европски првак од Загреб во фуриозни 20 минути го свртеа текот на мечот на сопственото конто. Најава за подвиг на популарните Цибоси стаса во третиот период што заврши со 26-16 за гостите, а веројатно клучна беше серијата од 9-0 на Цибона на почетокот на последниот квартал. МЗТ Скопје имаше шанса да се врати во игра, но при негатива од само еден поен, 86-87 Гечевски погреши, Цибонја казни со едно слободно фрлање, а потоа најискусниот во редовите на МЗТ промаши под кошот за крај на надежите за победа. Гечевски до финишот играше одлично и со 17 поени е втор стрелец кај македонскиот состав, зад дамјан Стојановски кој уфрли 20 поени.
Доминираше бекот на Циноба Блесингејл со 32 поени, доволно за седма победа во десет кола и прво место на табелата во АБА-лигата. МЗТ Скопје со скор 4-6 моментно е шестопласиран на Јадранот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика