Лестер Бо Мекејлеб одигра одличен меч за Фенербахче против Барселона, постигна 22 поени, но сепак турскиот тим доживеа убедлив пораз од 81-94.
Мекејлеб промаши само еден удар од поле и еден од линијата за слободни фрлања, а погоди три тројки од исто толку обиди. Македонскиот репрезентативвец беше најефикасен кај Фенербахче, а за само еден поен приматот прв стрелец на мечот му го зеде Боштјан Нахбар, крилото на Барса.
Последните натпревари од седмото коло по групи што се играа вечерва, минаа во знакот на домашните екипи. Само ЦСКА Москва славеше во Киев против Будевељник со 82-74, а сите одтанати екипи што играа на свој терен победија.
Резултати: Будевељник – ЦСКА Москва 74-82, Жалгирис – Армани Милано 73-71, Анадолу Ефес – Стразбур 88-65, Сиена – Баерн 71-62, Лаборал – Панатинаикос 79-77, Барселона – Фенербахче 94-81.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


