| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна патнички авион со 34 патници

Патнички авион сопственост на авиокомпанија од Мозамбик со 34 патници и членови на екипажот денеска исчезна од радарите за време на лет од мозамбиканскиот главен град Мапуто кон престолнината на Ангола, Луанда.

Авионот полетал од Мапуто и по околу три и пол часа требало да слета во Луанда, но врските со него се прекинати кога летал во реонот над границата меѓу Ангола и Намибија.

Компанијата сопственик на леталото информира дека не е исклучена можноста авионот да слетал принудно некаде во северна Намибија блиску до границата со Ангола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top