Првата дама на САД, Мишел Обама изјави дека апсолутно не е заинтересирана за можноста еден ден да се кандидира за американски претседател, бидејќи нема трпение да ја извршува оваа функција.
Таа во интервју за „Еј-Би-Си Њуз“ истакна дека се труди делот од Белата куќа, кој служи како дом на нејзиното семејство, да го одвои од политиката и секојдневните активности на нејзиниот сопруг Барак Обама.
– Се трудиме навечер кога сме заедно со нашите ќерки Малија и Саша да не разговараме за политика и проблеми, туку за нивните активности и што им се случило тој ден, објасни Мишел.
Меѓутоа, американските медиуми ја споменуваат поранешната прва дама на САД и државен секретар Хилари Клинтон како можен кандидат на следните претседателски избори.
Таа по острата кампања ја загуби трката за претседателски кандидат на демократите во 2008 година од тогашниот сенатор од Илиноис, Барак Обама.
Според анкетите, Хилари Клинтон би имала најголеми шанси да стане нов претседател на САД во 2016 година доколку одлучи да се кандидира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.