| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсено лице осомничено за обид за убиство на турскиот претседател

Полицијата во турскиот главен град Анкара денеска уапси еден маж под сомнеж дека планирал да го убие претседателот на Турција, Абдула Ѓул.

Припадниците на обезбедувањето на претседателската палата Чанкаја во Анкара забележале сомнителен маж кој шета околу објектот, по што тој бил запрен од полицијата и претресен.

При претресот кај 35-годишниот Мехмет Салих Адли бил откриен пиштол, мало количество на наркотици, како и ДВД со филмот „Конспиратот“ со Роберт Редфорд, кој говори за атентатот врз 16-от американски петседател Абрахам Линколн.

Адли, кој и од претходно и е познат на полицијата, е приведен и против него е покрената кривична постапка.

Против него досега има 17 пријави, меѓу кои и за сексуално насилство, шверц на наркотици и за нанесување телесни повреди на неколку лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top