Екипата на РК Вардар пристигна во Барселона, каде што утре го игра мечот од седмото коло против првакот на Шпанија. Според програмата „црвено-црните“ вечерва ќе имаат еден тренинг, кој е закажан за 19 часот.
Тренингот ќе се одржи во aрената „Блауграна“, каде што ќе се одигра утрешниот натпревар, кој ќе ја отвори програмата за овој викенд од елитното клупско ракометно натпреварување.
Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, ги посети ракометарите на македонскиот шампион во хотелот во кој се сместени.
Притоа посетата ја искористи да се види со својот брат Филип Лазаров, кој настапува во дресот на македонскиот шампион Вардар.
Инаку, кога сме кај капитенот на македонскиот шампион, неговиот настап е неизвесен откако се пожали на повреда, пред заминувањето во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.