| четврток, 6 декември 2018 |

Бангладеш: Работници ја запалиле фабриката поради неисплатени плати

Во една текстилна фабрика во Бангладеш во кој се произведува облека за позната фирма во светот избувнал голем пожар.

Официјалниот претставник на фабриката изјавил дека пожарот е подметнат од разбеснетите работници поради шпекулациите дека еден нивни колега бил убиен во судирите со полицијата во текот на протестите поради неисплатени плати. Полицијата ја демантираше веста дека бил убиен работник.

Пожарот бил подметнат во зградата од девет ката во градот Газипур, оддалечена 40 километри од Дака.

Сега постои стравување дека по пожарот повеќе илјади на луѓе можат да останат без работа.

Пожарникарите и понатаму се обидуваат да го совладаат пожарот, кој зафатил четири соседни згради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top