Министерството за финансии преку аукција на тримесечни државни записи, со или без девизна клаузула, продаде државни хартии од вредност во висина од 8,116 милијарди денари, односно 131,97 милиони евра со каматна стапка од 3,6, односно 3,65 отсто.
Утре Министерството за финансии, во стопанството ќе врати 8,294 милијарди денари, односно 134,86 милиони евра.
Со ова нето задолжувањето на домашниот пазар по основ на државни хартии од вредност ке се намали за 3 милиони евра.
Со ова Министерството за финансии ќе им одговори на барањата на стопанството за подобрување на ликвидноста во услови на европска економска криза.
Во таа насока, Министерството за финансии од почетокот на годинава ја намали и каматната стапка на државните записи за 0,3 процентни поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.